
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на денешната прес-конференција информираше за последните податоци на Државниот завод за статистика за инфлација во април.
„Сите знаеме дека во време на економска криза, секој денар е важен. И секоја промена на пазарот директно се одразува врз секојдневниот живот на нашите граѓани – во лебот што го купуваме, во маслото, шеќерот или хигиенските производи. Затоа, како Министерство за економија и труд, од првиот ден сме посветени на заштита на животниот стандард на граѓаните и обезбедување стабилност на цените. Благодарение на мерките преземени од почетокот на годината – вклучувајќи го ограничувањето на маржите на прехранбени и хигиенски производи – денес имаме конкретни резултати“, рече Дурмиши.
Подвлече дека „официјалните податоци покажуваат дека инфлацијата за месец април е практично нула во споредба со март, 0.6% зголемување. Во споредба со април минатата година, инфлацијата изнесува 2,6%, а цените на храната се речиси непроменети – само 0,3% годишен раст, и намалување од -1,3% во споредба со декември 2024“.