Duval-Leroy го создаде првиот веган шампањ

68

visuel_duval_leroy_copy

Францускиот производител на шампањ Duval-Leroy го создадоа првиот 100% вегански шампањ, пишува Superyachts.

Компанијата овој потфат го смета како еден еколошки чекор напред со надеж дека веганските производни техники ќе го зголемат квалитетот на нивните производи.

“За да станеме 100% веган ни беше потребно 20 годишно искуство. Проектот беше осмислен како метод на природно прочистување на виното којшто се постигнува со одредено време поминато во буре. На тој начин виното го задржува својот вкус давајќи му го на шампањот неговото богатство и концентрација”, објаснува Чарлс Дувал Лерој.

Фамилијарниот бизнис е основан уште во 1859 година кога Едуар Лерој, трговец со вино склучува партнерство со Жил Дувал, одгледувач на винова лоза и производител на вино.

Денес Duval-Leroy поседува 200 хектари земјиште на кое се огледува винова лоза.