Два балкански града на листата топ 10 најдобри градови за пензионери

122

Германскиот портал Фокус, ги стави Требиње и Осиек на листата топ 10 светски градови за живот во пензионерски денови.

До листата на 10 најдобри градови за живот германскиот портал дошол со споредување на 574 градови ширум светот врз основа на податоци од веб страната  за споредување Numbeo.

Во предвид се земени следниве фактори: Просечна кирија во градот во споредба со Берлин, останати трошоци за живот, каква е локалната здравствена заштита кон странците кои таму живеат, колку е безбедно, каква е климата, загадувањето, квалитетот на воздух и колку брзо може со автомобил или јавен превоз да стигнете до одредено место.

Првото место на списокот го зазеде градот Батуми (Грузија), второто Требиње (БиХ), третото Бурса (Турција), следи Мангалор (Индија), Тернопил (Украина), Кингдао (Кина), Росарио (Аргентина) на осмо место е градот Куенка (Еквадор), деветто Сорокаба (Бразил) и десетто Осиек (Хрватска).

Фото: Pixabay