
Швајцарските градови Цирих и Винтертур воведуваат минимална плата која ќе изнесува околу 4.000 швајцарски франци месечно или околу 4.075 евра, пишува Јутарњи.
За споредба, минималната плата во Германија е 2,7 пати помала отколку во овие два швајцарски града. Притоа, оваа минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која изнесува 3.810 евра.
Околу 70 отсто од граѓаните во Цирих ја поддржаа одлуката за зголемување на минималната плата, додека во Винтертур таа поддршка е нешто помала – 65,6 отсто.











