Двајцата најбогати луѓе во светот изгубиле 51 милијарда долари од почетокот на 2022 година

86

Двајцата најбогати луѓе на планетата, Илон Маск и Џеф Безос, изгубиле вкупно 51,6 милијарди долари од почетокот на годината, покажуваат податоците од Индексот на милијардери што го составува Блумберг.

Извршниот директор на Tesla го намали своето богатство за 26,9 милијарди долари, додека основачот на Amazon „осиромаши“ за 24,7 милијарди долари.

Основачот и извршен директор на берзата за криптовалути Binance – Чангпенг Жао е третиот милијардер кој изгубил повеќе од 20 милијарди долари од почетокот на 2022 година. Тој веќе има 75 милијарди долари, што го рангира на 14-то место во светот.

Пред само неколку дена неговото богатство беше 96 милијарди долари.

Само инвеститорот Ворен Бафет успеа да додаде 1,7 милијарди долари на своето богатство од почетокот на 2022 година. Останатите девет милијардери во топ 10 губат меѓу 6 и 26,9 милијарди долари.

Само во последната недела, Безос и Жао загубија 20 и 17,7 милијарди долари, соодветно, додека ко-основачот на Facebook, Марк Цукерберг, го намали своето богатство за 10,4 милијарди долари.