Без разлика што читателската публика со нетрпение ги очекува новите книги од познати автори како Стивен Кинг и Џ.К. Роулинг до крајот на годината, според американските медиуми, две книги за кои најмногу се зборува се бизнис книги.
Оваа недела излегува книга за Илон Маск, а на почетокот на октомври книга за крипто-претприемачот Сем Банкмен-Фрид.
Книгата „Илон Маск“ напишана од Волтер Ајзаксон, автор на биографии за Бенџамин Френклин, Алберт Ајнштајн и Стив Џобс, сега ја носи приказната за сопственикот на X и основачот на Тесла, која ја пишувал речиси три години.
Делови од книгата веќе се објавени во списанието Волстрит журнал и Тајм, а најавени се и бројни презентации на книгата низ САД.
Интересно е што оваа година ќе биде објавена уште една книга за овој милијардер, од Бен Мезрих “Breaking Twitter: Elon Musk and the Most Controversial Corporate Takeover in History”, која ќе се појави во ноември.
Биографијата за уапсениот крипто-претприемач од Мајкл Луис се вика „Going Infinite: The Rise and Fall of a New Tycoon“.
Бенкман-Фрид го чека судењето за неуспехот на неговата компанија FTX.
ИздавачотW.W. Norton & Co. рече дека печати 500.000 примероци од оваа книга, што претставува најголем тираж годинава за овој издавач, пренесува Бонитет.рс.
Три од книгите на Мајкл Луис претходно биле снимени во филмови: „The Blind Side“, за спортистот Мајкл Охер, „Big Short“, внатрешен поглед на финансиската криза 2007-08 и „Moneyball“, за употребата на аналитика во бејзбол.