Две години од постоењето на центарот Јавна соба

47

22729116_2051710291714434_2993174265256362871_n

Фото: Facebook

Овој викенд Јавна соба слави две години од своето постоење и по тој повод на 27-ми и 28-ми октомври приредува голема, дводневна културна прослава за сите жители на Скопје, стои во соопштението.

Главниот подарок од Јавна соба за граѓаните е изложбата Тито во Африка – слики на солидарноста, којашто доаѓа од Музејот на Југославија во Белград и чие отворање е закажано во петок во 20 часот.

Вториот дел од роденденската прослава, забавата на три ката е во сабота, 28-ми октомври од 22 часот. Гостува дј Грамофонџије од Белград, а на останатите стејџови настапуваат Кирил Кузманов џез ансамбл, дј Алек Солтиров и дј Давор Палиќ.

Овој викенд сите генерации, помлади и постари, ќе можат да се присетат како некогаш се живееше во земја со дигнитет, љубов, рамноправност, слога и солидарност, како е да бидеш дел од една високо респектирана  заедница во меѓународни рамки, како беше да бидеш Југословен! Фотографиите побудуваат емоции, нѐ враќаат во едно убаво време и поттикнуваат и денес да се бориме за едно такво убаво и стабилно општество. Скопје како град на солидарноста, целосно заслужува да биде прв домаќин на патувањето на оваа голема изложба во бившо-југословенските градови.

Многу млади, но и повозрасни луѓе веќе ја чувствуваат Јавна соба за свој втор дом, некои препознаваат урбан топоним кој со гордост го претставуваат на странски посетители, а и сите ние сме сведоци на голем број на иновативни настани во кои уживаме затоа што секој пат кога го поминуваме времето во Јавна соба сме побогати со знаење, нови искуства и познанства.

Влезот за настаните е слободен и двата дена.