Две кафулиња во Њујорк би можеле да влезат во историјата – се продаваат за биткоин

149
На Десеттата авенија во Њујорк, Патрик Хјуз поседува две кафулиња -Hellcat Annie’s и Scruffy Duffy’s. Како и повеќето угостителски објекти во светот и тие беа значително погодени од пандемијата и го намалиле бојот на вработени.

Од друга страна, Хјуз виде дека друга индустрија напредува значително подобро, па реши да се обиде да ја искористи. Тој најави дека би сакал да ги продаде своите кафулиња – ако купувачот му плати во биткоин или етериум.

Двете кафулиња се продаваат за 25 биткоини или 800 етериуми, што во моментов е еквивалентно на нешто помалку од еден милион долари.

Продавачот не губи надеж. Тој за New York Times вели дека иднината е во криптовалутите и се надева дека би можел да влезе во историјата на тргување со криптовалути како првата личност што продала кафуле исклучиво за дигитална валута.

Фото: Twitter