Две компании од Куманово со намера за преземање на акциите на Агрокуманово

242

agrokumanovo

Компаниите Метал – Нет ДОО и Квалитет – Пром ДООЕЛ од Куманово имаат намера да дадат понуда за преземање на сите акции издадени од Агрокуманово од Куманово, се вели во Известувањето објавено на Македонска берза.

Агрокуманово е компанија што се занимава со трговија на големо со метални садови, цевки, уреди и опрема за водовод и централно греење.  Компанијата се занимава и со трговија на мало со моторни горива и мазива во специјализирани продавници, со трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со пијалаци, храна и тутун, како и со услужни дејности поврзани со копнен превоз.