Две понуди за балканката мрежа на Hypo Alpe Adria банка

22

The logo of nationalised lender Hypo Alpe Adria is pictured at the bank's headquarters in Klagenfurt

Национализираната австриска банка Hypo Alpe Adria има барем две понуди за балканската мрежа, дознава Ројтерс од извори запознаени со трансакцијата. Кандидатите не се познати, како ни понудената цена.

Претходно по медиумите се шпекулираше за разни можни понудувачи. Во банкарската заедница во Австрија ја исклучуваа можноста целата мрежа на банката на Балканот да ја купи друга австриска банка, на пример Erste bank. Експертите сметаа дека за австриските банки ризикот во овој дел од Европа е преголем, но мрежата банки би можела да биде интересна за некој кој допрва влегува на овој пазар. Банкарите очекуваа заинтересирани купувачи од Русија или Индија, а особено од арапскиот свет, односно Турција, пред се за банките во Босна и Херцеговина.

Станува збор за 260 филијали и 4.800 вработени во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Црна Гора. Се претпоставува дека понудите за банкарската мрежа која има 1,1 милиони клиенти е под нејзината книговодствена вредност која се проценува на 693 милиони долари.

На почетокот на 2013 година, Европската комисија им се закани на банкарите во Hypo Group и на Австрија дека ќе наложи нејзино затворање, доколку надлежните органи во Виена итно не поднесат во Брисел план за реструктуирање на презадолжената банкарска групација. Мрежата банки мора да биде продадена до средината на 2015 година.

Минатата година Hypo на Балканот загуби 286 милиони евра.