Две третини од Европејците немаат свои канцеларии

60

kancelarija

Фото: Pexels

Работењето во заеднички канцеларии, што е веќе норма во европските држави, кај многу вработени предизвикува незадоволство. Во соопштенито на францускиот институт CSA, се наведува дека само една третина од вработените во европските држави имаат сопствени канцеларии.

Според истражувањата за квалитетот на работењето во канцеларија, вкупно 16% од вработените во Холандија имаат своја канцеларија, 19% во Велика Британија, 25% во Шпанија, 30% во Шведска, 33% во Франција, и 36% во Германија.

Најмалку 73% од вработените Британци ја делат својата канцеларија, кај Шпанците тој процент изнесува 71, кај Холанѓаните 66, кај Французите и Германците 55, а кај Швеѓаните 49.

Повеќето вработени во Европската Унија сметаат дека работниот простор има големо влијание на вработените, додека поголемиот број Германци, 77%, сметаат дека тоа воопшто не игра голема улога.

Незадоволството на вработените расте кога ќе бидат преместени во заедничка канцеларија, според нив тоа има повеќе маани отколку предности. Па така, 27% од Французите велат дека во заедничка просторија е тешко да се концентрираат на работата, а на останатите Европејци тоа не им пречи толку многу.

Работењето во заедничка канцеларија најдобро го прифаќаат Британците, дури 58% велат дека успеваат да се изолираат и потполно да се посветат на работата.

Ова истражување опфатило 2.500 вработени од шест различни држави и тоа Германија, Шведска, Шпанија, Холандија, Велика Британија и Франција.