Две третини од компаниите во светот имаат проблем да најдат кадар

49

Истражувањето, во кое беа вклучени речиси 45.000 работодавачи во 43 земји, покажа дека 69 проценти од испитаниците пријавиле потешкотии во наоѓањето кадар, покажуваат податоците на ManpowerGroup. Во исто време, 15 земји од Европа и Северна Америка се во водство во нивните намери да ангажираат нови работници, и тие забележаа најголеми потреби за нова работна сила од 1962 година, односно од почетокот на редовното годишно истражување.

Компаниите во сите анкетирани земји објавија повисоки перспективи за вработување до крајот на оваа година во споредба со последните три месеци од 2020 година, пишува Блумберг.

“Континуираниот недостаток на  таленти значи дека многу компании имаат приоритет да ги задржат и обучат работниците со вештините што им се потребни за да успеат додека продолжува економското закрепнување“, рече Јонас Призин, извршен директор на ManpowerGroup.

Околу 40 проценти од испитаниците рекле дека нудат обука и развој на вештини за да привлечат и задржат таленти, флексибилни работни распореди, а речиси една третина ги зголемија платите. Други понудија бонуси за потпишување на договор за вработување и повеќе време за одмор.

Стимулациите варираат во зависност од индустријата, при што компаниите за финансиски услуги нудат обука и развој на вработените и флексибилни работни места, додека производителите се повеќе склони да ги зголемуваат платите или флексибилните работни распореди.