Две третини од млекото во ЕУ се користи за правење сирење и путер

62

Во текот на 2018-та година, во Европската унија (ЕУ) се преработени 156,8 милиони тони полномасно млеко. Млекарниците во земјите членки на Унијата произвеле 10,3 милиони тони сирење, како и 2,4 милиони тони путер и други млечни производи. Заедно, за производство на сирење и путер, биле искористени две третини или 67% од млекото, покажуваат податоците на Eurostat.

ЕУ, исто така, произвела 30,1 милиони тони млеко за пиење, како и три милиони тони млеко во прав. Млекото за пиење е околу 11% од вкупното млеко што им стои на располагање на млекарниците.

Германија е најголем производител на сирење меѓу земјите членки на ЕУ со произведени 2,2 милиони тони. Потоа следуваат: Франција (1,9 милиони тони) и Италија (1,3 милиони тони).

Фото: Pixabay