Две во едно – елегантни чевли и шише Johnnie Walker

28

oliversweeneyshoe1Британскиот дизајнер на чевли Оливер Свини ги здружи силите со производителот на познатото шкотско виски Johnnie Walker за заедничка лимитирана серија на елегантни машки чевли.

Новите чевли се во класичен оксвордски стил, со црвени детали кај конците на самиот чевел, врвките и кадифето во внатрешноста. На позадината на чевелот стои заштитниот знак на вискито, легендариот талкач, како и иницијалите JW испишани со црвен конец.

xf53d720c.jpg.pagespeed.ic.LeI6p6TLGG

Но, има еден детал кој е навистина неочекуван. Во самиот ѓон се наоѓа малечко шише виски Johnnie Walker. Чевлите доаѓаат во комбинација и со стандардно шише од познатиот жесток пијалок.

Нивната цена е 489 долари, а во продажба ќе бидат пуштени само 130 пара.