На интернационалниот саем за електроника – CES 2015 што секоја година се одржува во Лас Вегас, компанијата Kodak ќе претстави неколку нови производи, меѓу кои и андроид смартфон произведен во соработка со производителот на мобилни телефони и електроника Bullitt.
Досега Kodak нема откриено детали во врска со новиот производ, иако брендот вети дека во софтверот на смартфонот ќе ја имплементира својата врвна технологија за фотографирање.
За време на саемот компанијата исто така ќе презентира и нова серија на слушалки и микрокаспули, како и нов беби мониторинг систем. Во втората половина на 2015 Kodak се надева дека ќе лансира и 4G таблет кој ќе биде поврзан со камера.
Годинава што изминува Kodak создаде вистинска мешаница со лансирањето на Pixpro SP360, компактна камера која снима се во 360 степени.