Движењето Окупирај го Вол Стрит ќе издава дебитни картички

17

occupyДве години откако протестираа во паркот Цукоти против банкарите и капитализмот, активисти на движењето Окупирај го Вол Стрит (Occupy Wall Street) започнаа подготовки за формирање банка, пишува The Times.

Финансиската институција на движењето, Occupy Money Cooperative (OMC), создадена од мала група волонтери, која е оформена за да обезбеди пристап до финансиски сервиси на оние кои не сакаат да им се обратат на големите банки, планира да собере 900.000 долари и да започне да издава дебитни картички. Дебитните картички се совршени за антикапиталистите кои сакаат да се борат против валканите богаташи, а во исто време ќе можат да купуваат со пластика, пишува The Times.

Организаторите, меѓу кои е и Карне Рос, поранешен британски дипломат и поранешен вработен во Дочје банк, изјави дека многумина купувањето со оваа картичка ќе го гледаат како еден вид на протест.

Картичката ќе се интегрира со Visa, а OMC ветува дека најголемиот дел од приходот ќе се слева кај нив, помалку кај Visa.