Двојно поевтини авио билети за здравствените работници

54

Здравствените работници од ковид системот во Србија добија 10.000 ваучери со попуст од 50% за летови на националниот авиопревозник Air Serbia, во рамки на кампањата Време е за одмор, што ја организираат српското министерство за здравство и авиопревозникот.

Претходниот период бил тежок за Air Serbia, како и за целата индустрија што се соочува со голема криза, но компанијата им помогнала на медицинските работници и покрај потешкотиите.

Целта на кампањата е 10.000 здравствени работници да отпатуваат на некоја од дестинациите со авионите на Air Serbia на повеќе од заслужен одмор. Ваучерите овозможуваат попуст од 50% на вкупната цена на авио билетот, со вклучена тарифа и аеродромски такси. Важат за директни редовни линии кон сите дестинации на српскиот авиопревозник, освен за Њујорк, а може да се искористат за период први јули до 31-ви декември оваа година.

Фото: Facebook