Двојно повеќе затворени фирми во Русија годинава

44

Во Русија бројот на затворени фирми е скоро двојно поголем во првата половина од оваа година во однос на истиот период лани, покажува студијата што ја спроведе меѓународната мрежа за ревизија и консултантски услуги врз основа на податоците на руската федерална даночна управа.

Според податоците, во Русија до први јули оваа година се регистрирани 3,14 милиони компании. Во првата половина од годината, пазарот го напуштиле дури 545.800 компании, што е околу 1,8 пати повеќе одошто во првата половина од минатата година, што ја одбележа коронакризата. Со тоа е постигнат осумгодишен рекорд забележан во 2013 година, кога во периодот јануари – јуни беа затворени 594.2000 компании.

Бројот на затворени приватни фирми го надмина бројот на новоотворените за 135.500.

Фото: Pexels