DW: Порака на Германците до Илон Маск

82

Кого Германците очекуваа во Берлин оваа среда? Папата, Владимир Путин, Доналд Трамп или кралицата? Таа личност е Илон Маск, мултимилионер од САД, основач на Tesla. Претприемач чиј главен производ е надежта за иднината. Електрични автомобили, вакцини, PayPal, патување во вселената. Контроверзен, бизарен, успешен и гласен. Се оженил неколку пати, двапати со иста жена. За некои, тој е спасител, кој има сè што Германците немаат: непоколеблива верба во себе и подготвеност да ризикуваат. За другите, тој е едноставно жонглер, пишува Дојче Веле.

Што мисли владата во Берлин за Маск?

Германската влада очигледно не одлучила со која од двете групи ќе застане. Причината може да биде озлогласената спонтаност на Маск. Оваа среда не беше ни можно да се открие каде, кога и со кого се состанува. Портпарол на Министерството за економија во Берлин на медиумите им соопшти дека нема информации за неофицијалните средби меѓу германскиот министер и Илон Маск. Може ли Маск да помогне да се направат корона вакцини произведени во Германија? Нема коментари. Имаше гласини дека заглавил дури и во најтиражниот германски весник, Билд, затоа што неговите новинари не можеа да добијат информации за посетата на шефот на Tesla. Сè е под превезот на тајност. Маск се сретнасо министерот за економски прашања Питер Алтмаер и министерот за здравство Јенс Спан.

Активностите на Маск се една од главните теми во Германија со месеци. Не поминува ден без нови извештаи за фабриката: Маск сака да ја заврши својата нова огромна фабрика во Гринхајд близу Берлин со 12.000 работни места до следното лето. Годишно ќе произведува 500.000 електрични автомобили. Одобрувањето од германските власти сè уште недостасува – но изградбата е во тек.

Оваа чудна неофицијална посета на Илон Маск, без информации во јавноста, доаѓа во време кога кај Германците повторно се зголемува бројот на оние што ги одбиваат големите претприемачи. Ова е последица на неверојатниот скандал поврзан со пропаѓањето на Wirecard – давателот на услуги за плаќање. Станува збор за скандал во кој менаџерите се во бегство, во кој станува збор за фалсификување на финансиски извештаи во милијарди. Германците се повеќе за оние големи компании предводени од семејства – како Дајчман (продавница за чевли) или гигант за храна Еткер. Германците сакаат кога овие претприемачи јавно не ги истакнуваат своите милијарди. Всушност, многу од нив тешко може да се видат во јавноста.

Личност како Маск, која гласно ги нарекува ограничувањата како резултат на пандемијата од коронавирусот во  Калифорнија “фашистичка“, е сомнителна за Германците. И очигледно владата во Берлин. Нивната порака е следна: прво, изгради убава фабрика, почитувај ги еколошките стандарди и пристојно плаќај ги вработените, а потоа ќе видиме дали ни се допаѓаш. Потоа, следниот пат, би можеле да организираме вистински прием.

Извор: DW/Jens Turau

Фото: Pixabay