ДЗC: Поштенските и курирските услуги поскапеа за 24,9%

Во второто тримесечје од 2026 година е забележан значителен раст на цените на услугите во секторите транспорт, складирање, информации и комуникации во споредба со истиот период минатата година, соопшти Државниот завод за статистика

Цените на услугите во одделот Поштенски и курирски услуги во второто тримесечје од 2026 година пораснале за 24.9 % во споредба со второто тримесечје од 2025 година

Во второто тримесечје од 2026, во споредба со второто тримесечје од 2025 година, цените на услугите во секторот за транспорт и складирање пораснале за 7.6 %.

Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 7.1 %, а кај поштенските и курирските услуги бележат пораст од 24.9 %.

Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 5.2 % во одделот Телекомуникации.

Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД).

Цените на услугите во второто тримесечје од 2026 година во однос на второто тримесечје од 2025 година се зголемиле за:

  •  7.1 % кај копнениот и цевководниот транспорт
  •  5.2 % во одделот Телекомуникации,
  •  24.9 % кај поштенските и курирските услуги