
Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година изнесуваат 5.2 милијарди денари, објави Државниот завод за статистика.
Во третото тримесечје од 2025 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 12 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано зголемување за 8.8 %.
Откупот и продажбата во третото тримесечје од 2025 година во однос на истиот период од претходната година се зголемени за 10.4 %











