ДЗС: 65,1% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома

43

Во првото тримесечје од 2013 година, 65,1% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, што е за 6,8 процентни поени повеќе во споредба со истиот период од 2012 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Учеството на домаќинствата со широкопојасен интернет во вкупниот број на домаќинства е зголемено од 58,1% во 2012 година, на 65,0% во 2013 година.

Речиси сите (99,8%) од домаќинствата со интернет-пристап, имале широкопојасно (фиксно или мобилно) поврзување на интернет.

Во првите три месеци од 2013 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, компјутер користеле 66,3%, а интернет користеле 65,4%. Интернет најмногу користеле учениците и студентите, односно 99,2%.

Во истиот период 34,3% од корисниците на интернет употребиле мобилен телефон или паметен телефон за пристап на интернет надвор од дома или работа.