
Во јуни 2026 година се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6. 363, 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 (67.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (8.8 %) за објекти од нискоградба и 70 ( 23.6 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 296 објекти, на 218 (73.6 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (26.4%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 754 станови со вкупна корисна површина од 64 266 м2.
Во јуни 2026 година:
- Најмногу одобренија за градење, 200, се издадени за високоградба
- Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 70
- За изградба се предвидени 754 станови











