ДЗС: Индекси на цените во угостителството

21

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2013 година, во споредба со октомври 2013 година, е намален за 2%.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 0,1% и Безалкохолни пијалаци за 0,5%, додека во групата Ноќевања е забележано намалување за 9%.

Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2013 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 0,1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – ноември 2013 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 1,2%, додека во однос на декември 2012 година е зголемен за 1%.