
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во декември 2025 во однос на декември 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.0 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.7 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0.5 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.5 %, Капитални производи за 4.3 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.3 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.0 %.
Во периодот јануари – декември 2025 година, бројот на работниците во индустријата во однос на периодот јануари – декември 2024 година, се намалил за 3.5 %.
Бројот на работниците во индустријата во декември 2025 година, во однос на декември
2024 година, се намалил за:
- 6.0 % кај рударството и вадењето камен
- 2.7 % кај преработувачката индустрија
- 0.5 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација











