ДЗС: Обем на стоковната размена со странство

31

Според податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-јули 2013 година, изнесува 2.407.356, а на увозот 3.774.653 илјади  долари.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 63.8%, додека трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2013 година, e 1.367.297 илјади долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), платината и легурите на платина, необработени или во прав, производите од железо и челик (валани производи) и електричната енергија.

Во периодот јануари-јули 2013 година, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 28 (73,3%) и земјите од Западен Балкан (17,6%), а во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ 28 (61,8%) и Останати земји, на друго место неспомнати (11,8%).

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Италија (49,6% од вкупната надворешно-трговска размена се врши со овие пет земји).