ДЗС објави колку изнесуваат просечната нето и бруто плата во јуни

Во јуни 2025 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија изнесувала 45.468 денари, што претставува зголемување од 8,4 отсто во споредба со истиот месец лани. Истовремено, просечната бруто-плата достигна 68.340 денари и е зголемена за 8,5 проценти на годишно ниво. Растот е најизразен во секторите образование, здравство и рударство, додека намалувања се забележани кај финансиските дејности, трговијата и транспортот, објави Државниот завод за статистика.

Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 8.4 %.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14.7 %, Дејности на здравствена  и социјална заштита за 12.7 % и Рударство и вадење на камен за 12.2 %.Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7.5 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.3% и Транспорт и складирање за 2.1 %.

Просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен, јуни 2025 година

Во јуни 2025 година просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 68.340 денари
Во јуни 2025 година, во однос на јуни 2024 година, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е повисока за 8.5 %.Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Образование за 14.9 %, Дејности на здравствена  и социјална заштита за 13.0 % и Рударство и вадење на камен за 12.3 %.Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 8.2 %, Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли за 4.1 % и Транспорт и складирање за 2.0 %.