ДЗС: Откупот и продажбата на земјоделски производи достигнаа 12,5 милијарди денари

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во четвртото тримесечје од 2025 година изнесуваат 12.5 милијарди денари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2025 година, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 30.1 %, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e забележано намалување за 23.1 %.

Откупот и продажбата во четвртото тримесечје од 2025 година во однос на истиот период од претходната година се зголемени за 15 %.