ДЗС: Пад на превезените патници од 7,9% – градскиот превоз во минус, меѓуградскиот со скок од 21%

Според најновите податоци од Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2026 година се евидентирани 9,21 милиони превезени патници во патничкиот патен превоз, што е пад од 7,9% во однос на истиот период минатата година. Mеѓуградскиот превоз оствари силен раст од над 21 процент.

Во второто тримесечје од 2026 година, вкупниот број на превезените патници во патничкиот патен превоз изнесува 9 219 илјади и е намален за 7.9 % во однос на второто тримесечје од 2025 година, и тоа:

  • во градскиот превоз е намален за  11.9 %,
  • во приградскиот превоз е намален за 9.0 %,
  • во меѓуградскиот превоз е зголемен за  21.0 %,
  • во меѓународниот превоз е намален за 4.3 %.

Вкупниот број на патничките километри е 261 614 илјади и е зголемен за 1.8 % во однос на истиот период од претходната година, и тоа:

  • во градскиот превоз е намален за 5.1 %,
  • во приградскиот превоз е намален за 4.9 %,
  • во меѓуградскиот превоз е зголемен за 21.2 %,
  • во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 4.2 %.

Превезени патници со автобуси, второ тримесечје 2026 година

  • Вкупен број превезени патници во патничкиот патен превоз: 9 219 илјади
  • Вкупен број патнички километри во патничкиот патен превоз: 261 614 илјади