Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, изнесува 101.0.
Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво 7,1%, Транспорт и складирање 5,8% и Рударство и вадење на камен 4,9%.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација 7%, Рударство и вадење на камен 5,7% и Градежништво 2,6%.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2013, изнесува 21.247 денари. Во октомври 2013 година, 1,3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.