ДЗС: Слободни работни места, четврто тримесечје 2017 година

29

pexels-photo-267507

Фото: Pexels

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2017 година, стапката на слободни работни места изнесува 1,33%. Највисока стапка на слободни работни места има секторот З – Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 2,85%, додека најмала е стапката во секторот Љ – Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување, каде што изнесува 0,04%.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,61%.

Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,35%. Најголем број слободни работни места, односно 2.432, има во петтата група – Работници во услужни дејности и продажба.