ДЗС: Состојбата во преработувачката индустрија поповолна од ноември 2012 година

15

Според податоците на Државниот завод за статистика, раководителите во преработувачката индустрија ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во ноември 2013 година како непроменета во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на ноември 2012 година.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во ноември 2013 година е понеповолна во однос на претходниот месец, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци и очекувањата за бројот на вработените.
Во ноември 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во ноември 2013 година се зголемени во споредба со претходниот месец.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2013 година изнесува 60,7% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во ноември 2013 година имаат факторите недоволнаа странска побарувачка со 26,2 %, недоволна домашна побарувачка со 19%, неизвесно економско опкружување со 10,1 %, како и финансиските проблеми со 8,8%.