ДЗС: Стапката на невработеност намалена за 0,1%

14

Стапката на невработеност во земјава во третиот квартал од 2013 година изнесува 28,7%. Според објавените податоци на Државниот завод на статистика, бројот на невработени лица изнесува 273.860 лица. Во однос на претходниот месец бележи намалување од 0,1 %, кога бројот на невработени лица изнесувал 274.969. Повеќе од половина од невработените се на возраст меѓу 15 и 24 години, а 27,7% од невработените се на возраст од 25 до 49 години.
Според образованието, со четири години средно се 114.350 невработени лица, а со високо 41.509 невработени лица. Стапката на активност во третиот квартал од годинава изнесува 57,3%, а активното население во земјава брои 957.417 лица. Најмногу вработува преработувачката индустрија, каде се вработени 134.339 лица и во земјоделскиот сектор се 127.747 лица.