ДЗС: Трошоците за живот во август повисоки во однос на јули

9

Индексот на трошоците на животот, мерен преку цените на стоките и на услугите за лична потрошувачка, во август 2013, во однос на јули 2013, изнесува 100.3, а во однос на август 2012 изнесува 102.8, велат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по главни групи, според намената на потрошувачката, во август 2013, во однос на јули 2013, пораст на индексите е забележан во групите, транспорт за 1,8%, храна и безалкохолни пијалаци и мебел, покуќнина и одржување на покуќнина за 0,4%, алкохолни пијалаци, тутун, рекреација и култура и останати стоки и услуги за 0,1%.

Намалување на индексите на трошоците на животот има кај групите облека и обувки за
0,2% и домување, вода, електрика, гас и др. горива за 0,1%.

Нема промени на индексите кај групите, здравје, комуникации, образование и ресторани и хотели.