ДЗС: Во 2012 година преовладувале микро претпријатија

19

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во рамките на структурните деловни статистики биле анализирани 53.907 деловни субјекти во кои биле вработени 334.042 лица. Вкупниот остварен промет на овие деловни субјекти изнесува 940.561 милиони денари и е создадена додадена вредност од 196.172 милиони денари.
Најголем број на претпијатијата припаѓаат на секторот Трговија на големо и на мало 44,6% со 28% од вкупниот број на вработени и реализирани 41,4% од вкупниот промет. Како втор по значење, секторот Преработувачка индустрија учествува сo 13,3% од претпријатијата, 30,4% од вработените и 26,8% од вкупниот промет.
Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2012
година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија 25,7% и секторот
Трговија на големо и на мало 23,3%.
Во однос на големината, во 2012 преовладувале микро претпријатијата со помалку од 10 вработени 91,1%. Во нив биле ангажирани 33,6%, од вкупно вработените кои, пак, создале 25% од вкупната додадена вредност. Од друга страна, големите претпријатија 0,2% ангажирале 23,3% од вкупно вработените, притоа остварувајќи 34,3% од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.