Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2024 година изнесува 66. 701, од кои 31.6 % се домашни туристи, а 68.4 % се странски туристи.
Најмногу туристи ни доаѓаат од Турција 14.193, Србија 3.790, Грција 3.561, Бугарија 3.396 и Германија 1.752 туристи.
Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесува 138 226, од кои 38.6 % се од домашните туристи, а 61.4 % од странските туристи.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1.0 %, а кај странските има зголемување за
13.8 %.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за 9.2 %.