ДЗС: Во септември пад на потрошувачката на домашната електрична енергија од 4,2%

12

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 година, во Република Македонија, бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија изнесуваше 582 984 МWh, што во споредба со истиот месец од претходната година претставува пад од 4,2%.
Во бруто-домашната потрошувачка, нето-увозот учествуваше со 42,9%, додека бруто-домашното производство со 57,1%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2013 година, во Република Македонија, вкупниот увоз на природен гас изнесуваше 2.395 nm3, што во споредба со увозот во истиот период од претходната година претставува пад од 17,7%.
Во вкупната потрошувачка на природен гас, природниот гас за енергетски трансформации учествуваше со 3,4%, додека финалната потрошувачка со 96,1%.