ДЗС: Зголемен прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

17

Државниот завод за статистика објави денеска дека во трговијата на мало, во октомври годинава, споредбено со октомври минатата година, е евидентиран пораст на прометот во групата трговија на мало со автомобилски горива.
Според статистика, во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, намалување на прометот има во групите трговија на мало со храна, пијалоци и тутун, номинално за 14,9%, а реално за 16,1% и трговија на мало, освен трговија со горива, номинално за 7,7%, а реално за 9,8%.