е.GO е инвестиција од 130 милиони евра и 890 нови добро платени работни места

50

Владата на Република Северна Македонија, застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ”, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO.

„Денес ќе се постават темелите на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места.

Оваа инвестиција е од огромно значење за државната, но и за локалната економија и развојот на човечкиот потенцијал во Тетово и во државата. Со оваа значајна инвестиција, Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО” имаат партнер од доверба“, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

Електричниот автомобил „е-Go” кој ќе се произведуваат во ТИРЗ во Тетово е корисен за урбани средини, истовремено одржлив, иновативен, економичен и без штетни емисии на гасови. Фабриката која ќе се гради во ТИРЗ зоната во Тетово, е составен дел од глобалниот производствен капацитет на „е-Go”, наменет да го снабдува и националниот и меѓународниот извозен пазар додаде тој.