Е-јуанот не е дизајниран да го замени американскиот долар

93

Кинескиот електронски јуан е дизајниран за малопродажни трансакции за погодност на купувачите и трговците, а не за замена на американскиот долар.

Џоу Ксиаочуан, претседател на Кинеското друштво за финансии и банкарство, вели дека Народната банка на Кина укажала дека спровела истражување и развој на е-јуанот како замена за готовината во оптек, првенствено за плаќањата на мало, каде што ќе донесе повеќе бенефиции.

Џоу, кој е и поранешен гувернер на Централната банка на Кина, вели дека не ја исклучува можноста е-јуанот во иднина да се користи за плаќања за надворешна трговија.

Сепак, тој оценува дека во иднина најмногу ќе се користи за трансакции на мало и додава дека „е-јуанот нема да се користи како оружје“.

„Ако глобалните финансиски плаќања или системи за пораки се лизнат во некој вид шема од Студената војна, тоа ќе им наштети на сите“, рече тој.