E-Kaia: Наполнете го мобилниот телефон во саксија со цвеќе

81

e kaia

Постојаното користење на мобилните уреди значи и почесто полнење. Решение на овој проблем нуди група од научници од Чиле, кои развија USB приклучок, којшто ја користи енергијата на земјата и ја трансформира во струја, што е потребна за полнење на мобилните уреди, пишува порталот Innovacion.cl.

Едно растение во саксија може да го наполни мобилниот телефон за околу час и половина, а освен за полнење на телефони, приклучокот може да се користи за столни ламби и слични уреди.

e kaia 1

Овој креативен и корисен изум го носи името E-Kaia, а функционира преку фотосинтезата, преку која енергијата на светлината, растението ја претвора во хемиска енергија. Микроорганизмите околу коренот создаваат енергија за раст на растението, а некои електрони потоа се ослободуваат како нус производ. E-Kaia содржи електроди што ги “ловат“ електроните од земјата и ја трансформираат во еден облик на струја.

Оваа технологија не влијае на растот и развојот на растенијата, а може да произведе струја со интензитет од 5 волти, што е доволни за полнење на уредите.

e kaia 3