Најголемиот германски снабдувач со енергија E.ON соопшти дека големиот пад на профитот се должи на намалената потрошувачка на енергија во Европа, поради финанската криза.
Во периодот од април до јуни 2013 основната нето добивка се намалила за 42% и сега изнесува 1,9 милијарди евра. Приходите се намалени за 3%, и сега изнесуваат 64,6 милијарди евра.
Од E.ON потенцираат дека рекордно ниската цена на големопродажбата на струјата, кога во подем се алтернативните извори на енергија, и понатаму ќе ги ги влошува деловните резултати.
“Не гледаме поправање на состојбата”, велат од компанијата.
E.ON додава дека сепак успеале да ги намалат трошоците благодарение на програмата за престројување која и понатаму ја водат. Заштедата само го неутрализирала изостанокот на заработувачка, која ја остваруваа во меѓувреме со продажба во ограноците како E.ON thuringer Energie и E.ON Westfalen Weser.