e – Pallette: Автономно возило прилагодливо за различни бизнис – потреби

17

Фото: Toyota 

Јапонскиот автомобилски гигант Toyota претстави нов бизнис концепт под името e – Pallette, што е дизајниран да задоволи специфични потреби на различни бизниси, стои во официјалното соопштение.

“Автомобилската индустрија се наоѓа во сериозен и драматичен период на промени во технологијата, бидејќи електрификацијата и автономното возење постигнуваат значителен напредок. Toyota и понатаму ќе биде посветена на дизајн и производство на подобри автомобили. Развиваме решенија за мобилност за да им помогнеме на луѓето да уживаат во нивниот живот, а ние имаме удел за создавање подобро општество во следните 100 години“, вели Акио Тода, претседател на Toyota motor corporation.

e – Pallette е модуларно автономно возило што е наменето за остварување на повеќе цели во исто време. Ова возило е целосно автоматизирано и еколошко, бидејќи работи на електричен погон, а ќе биде прилагодливо за различни бизниси.

Toyota има договор за соработка со Uber, Didi, Mazda, Amazon и Pizza Hut со што ќе работат на развој на мобилна платформа што овозможува мобилност и покрива сектори како што се осигурување и лизинг на флота од возила, како и анализа и обработка на податоци за користење.