eArche, флексибилен соларен панел што е за 80% полесен од другите

62

panel

Фото: SunMan

eArche е флексибилен соларен панел чијашто тежина е за 80% помала од другите соларни панели. Панелот го направи Женгронг Ши, основач на кинеската соларна компанија Suntech, во соработка со австралиската соларна компанија Energus. Овој флексибилен панел е многу тенок и лесен, а материјалот од којшто е изработен е сличен на оној што се користи за прозорците од авионите, пишува Daily Advertiser.

“eArche има неограничен потенцијал бидејќи може да се прилагоди на било која големина и форма“, вели Ши.

Овој производ е погоден за кровни конструкции, вклучувајќи фабрики и кровови на автомобили.

Ши го дистрибуира соларниот панел во Австралија преку австралиската компанија Energus, а во Кина преку компанијата SunMan и верува дека eArche е најголемата иновација во соларната индустрија во последните 10 години.