EasyJet ќе почне да ја наплаќа употреба на шкафчиња за багаж во авионот

113

Патниците на еasyJet кои сакаат да ги користат шкафчињата за багаж во авионот ќе мора да купат поскапи билети. Оваа одлука, која предизвика критики на социјалните мрежи, ќе се применува од 10 февруари.

Патниците кои нема да купат поскапи билети ќе треба да го стават рачниот багаж под своето седиште.

“Како Ryanair, тие ја користат секоја можност да наплатат сè што е можно“, пишуваа на социјалните мрежи.

Но, некои патници го поздравија потегот, велејќи дека со тоа ќе се ослободи простор за складирање, пренесува BBC.

Во моментов, на сите патници им е дозволено да летаат со торба за кабина со димензии до 56 x 45 x 25 cm, што им овозможува да ставаат мали куфери на тркала во горните места за багаж. Но, според новите правила, патниците кои сакаат да патуваат со дополнителна торба од оваа големина како рачен багаж, мораат да купат поскап билет. Цените се движат од 7,99 фунти поскапи од стандардната цена, сè до 29,99 фунти на подолги летови.

Фото: Pixabay