eBay го напушта PayPal како основен сервис за плаќање

56

ebay

Фото: Pixabay

По 15 годишна соработка, eBay одлучи наместо PayPal, услугата за дигитално плаќање да ја преземе холандската компанија Adyen, специјализирана за електронско плаќање со сите видови кредитни и дебитни картички. Adyen ќе понуди повеќе од 200 начини на плаќање и над 150 светски валути со што ќе се олесни трговијата на светскиот пазар, објави ZdNet.

Сепак, според договорот, уште неколку години PayPal ќе биде им понуден на корисниците како можност за плаќање, но неговата улога ќе биде споредна.

PayPal е компанија за дигитално плаќање основана во 1998 година. Четири години подоцна eBay ја купи PayPal. Следните 13 години PayPal делува како подружница на eBay, за две години подоцна да се раздвои како посебна компанија. Годишниот приход на PayPal изнесува околу девет милијарди долари годишно, а во компанијата се вработени околу 12.600 луѓе ширум светот.