ЕБОР кредитира издрадба на нови хидроцентрали во БиХ

22

hidroelektrananekaЕвропската банка за обнова и развој (ЕБОР) со кредит ќе суфинансира изградба на нови хидроцентрали во Босна и Херцеговина, чија проектирана моќност е 19,63 мегавати.

Со договорот за кредитен аранжман што вчера беше потпишан во Сараево меѓу ЕБОР и Електростопанство БиХ, прецизирано е дека ЕБОР ќе му обезбеди кредит на Електростопанство во износ од 35 милиони евра, на 12 години.

Парите ќе бидат искористени за изградба на нова хидроцентрала Врандук на реката Босна и делумно за проширување на капацитетот на уште една хидроцентрала на реката Уна.

Изградбата на хидроцентралата Врандук ќе почне во пролет 2014 година, а планирано е годишно да произведува преку 96 гигават часови електрична енергија.