Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) очекува рекордна загуба во 2022 година, пред се поради губењето на сопственичките удели во Русија и Белорусија, изјави шефот на банката Одил Рено-Басо.
„Очекуваме рекордна загуба, по рекордниот профит претходната година“, рече шефот на ЕБОР на Светскиот економски форум (СЕФ) во Давос.
ЕБОР ја заокружи 2021 година со добивка од 2,5 милијарди евра.