ЕБОР обезбедува 20 милиони евра за развој на женското претприемништво на Балканот

12

evra

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе обезбеди до 20 милиони евра за кредитирање на мали и средни претпријатија на Западен Балкан чии лидери се жени. Програмата “Жените во бизнисот” е комбинација на финансиски средства, техничка поддршка, стратегија за намалување на ризикот и советодавни услуги за компаниите. Советодавните услуги и техничката поддршка ги финансираат владите на Луксембург и Шведска, пишува еКапија.

ЕБОР ја лансираше програмата Жени во бизнисот за Западен Балкан, одобрувајќи и на UniCredit Бања Лука кредит од два милиона евра. Заемот одобрен за оваа банка е прв во рамките на оваа програма.

“Иако ни е јасно дека жените играат значајна улога во претприемништвото, веруваме дека јакнењето на нивната улога е важен дел од унапредување на економскиот потенцијал на регионот. Нашата програма е заснована на претходни успешни примери, како што се сличната програма спроведена во Турција и тригодишната советодавна програма за жени претприемачи во БиХ, Хрватска и Србија”, велат од ЕБОР.