ЕЦБ: Банките од еврозоната со поголеми операции со долари имаат потреба од ефикасна заштита

Банките од еврозоната со големи операции со долари треба да ги зголемат своите капитални и ликвидни резерви за да издржат каков било притисок врз американската валута, објави денес Европската централна банка (ЕЦБ).

Финансиската институција им советуваше на банките да внимаваат на својата изложеност на доларот откако царините на американскиот претседател Доналд Трамп напролет и неговиот притисок врз Федералните резерви ја потресоа довербата во водечката валута во светот, објави Ројтерс.

Во својот последен Преглед на финансиската стабилност, ЕЦБ ја заостри својата порака до банките од еврозоната кои работат со долари и рече дека им е потребна ефикасна подготовка и заштита.